More

    Министерството за транспорт потроши 99,6% од планираните пари за инвестиции

    spot_img

    Најниска реализација на капиталните расходи во Министерството за локална самоуправа, а ресорите за информатичко општество и за здравство не успеале да реализираат ниту половина од капиталните расходи што биле планирани во 2023 година. Објавени се новите сумирани податоци за реализација на јавните инвестиции.

    „Порталб“ ги рангира ресорите според степенот на остварување на капиталните расходи кои се клучен параметар за економскиот развој.

    Најголем буџет за капитални расходи имаше Министерството за транспорт и врски под чија надлежност е реализацијата на инфраструктурните проекти во кои е вклучен и најголемиот кој треба да го реализира „Бехтел и Енка“. Лани од овој ресор по основ на капитални расходи се одлеале 306,3 милиони евра што претставува 99,62% во однос на планот и токму ова министерство котира на врвот на листата со највисок процент на остварување на инвестициите.

    Министерството за одбрана кое исто така располага по гломазен буџет, лани, за капитални расходи потрошило 68,7 милиони евра или 94,46% од планираното. Од Министерството за финансии – функции на држава (од каде се префрлаат буџетски средства по различни основи до различни корисници), лани, по основ на капитални расходи се одлеале речиси 84 милиони евра што во однос на планот претставува остварување од 93,33%

    Со поголем износ за капитални расходи располагаше и Министерството за образование кое во економската 2023 успеало да реализира 83,24% од планот или 25,5 милиони евра. Министерството за внатрешни работи за капитални инвестиции лани потрошило речиси 15 милиони евра што претставува 82,22% во однос на вкупно планираните средства.

    Министерството за економија од вкупниот буџет за капитални расходи потрошило 4,4 милиони евра или 86,84% во однос на проектираните средства за 2023. Од вкупно планираната сума за капитални расходи, Министерството за животна средна лани потрошило речиси 21,4 милиони евра или 82,48% а Министерството за земјоделство 9,4 милиони евра што претставува остварување на планот од 83,41%. Министерството за труд и социјална политика за капитални инвестиции потрошило 7,5 милиони евра или 89,19% од планираната вкупна сума во календарската 2023.

    Министерството за надворешни работи е во групата на ресори со пониска реализација, лани за капитални инвестиции се одлеале 522 560 евра или 61,14% во однос на планот. Со пониско остварување е и Министерството за финансии со потрошени 2,5 милиони евра што претставува 63,77% во однос на планираните.

    Министерството за правда кое спаѓа во групата на ресори со помали износи за капитални инвестиции лани потрошило 69 000 евра или 93,73% од вкупно расположливите средства за оваа намена. Министерството за политички систем лани по основ на капитални расходи реализирало 16 500 евра што претставува 88,52% во однос на планот.

    За разлика од останатите ресори, неколку  министерства не успеале да остварат ниту половина од планираното. Тука спаѓаат Министерството за здравство кое од вкупниот буџет за капитални расходи потрошило 6,3 милиони евра или 49,19% и Министерството за информатичко општество кое лани потрошило 715 600 евра или 41,26%. Со најниско ниво на реализација е Министерството за локална самоуправа кое потрошило 20 200 евра или само 29,29% во однос на планот. Вкупно во 2023-та реализацијата на капиталните расходи на сите државни институции, министерства, агенции, Влада, Собрание, Претседател на држава, инспекторати, судска власт, фондови, комисии, изнесува 719 550 000 евра или 91,58% во однос на планот за целата економска година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img