Министерството за спорт на Република Македонија и Министерството за спорт на Република Србија денеска во Белград го потпишаа меморандумот за соработка, кој ќе придонесе за зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји преку спортот

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за спорт на Република Македонија и Министерството за спорт на Република Србија денеска во Белград го потпишаа меморандумот за соработка, кој ќе придонесе за зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји преку спортот.

На свеченото потпишување, министрите Борко Ристовски и Зоран Гајиќ, ја истакнаа важноста на овој документ како платформа за размена на искуства, знаења и заеднички активности кои ќе овозможат нови можности за спортистите, спортските организации и заедници во двете земји.

Меморандумот предвидува воспоставување спортска соработката меѓу двете министерства со приоритет на размената на експертиза во повеќе области. Тука е опфатена институционалната соработка, соработката во областа на науката и технологијата применета во спортот, спортската медицина, борбата против негативните појави во спортот, организација на спортски настани, обука на спортски специјалисти, програми за поддршка на спортот за инвалиди и спорт за сите, спортска инфраструктура, развој и унапредување на спортскиот туризам и спортот во образовните институции.

Исто така, се предвидува и поттикнување на меѓународната соработка преку заеднички проекти и активности.

– Од оваа соработка ние можеме само да добиеме и како држава и како министерство. Денеска видовме многу работи кои може да ги имплементираме кај нас, да не ги повторуваме грешките што се случувале во минатото. За мене како министер во новото министерство за спорт, ова е една многу успешна и многу плодна соработка. Се надеваме дека низ проектите ќе работиме заедно на вмрежување на државите од регионот преку спортот. Го поканив министерот Гајиќ да дојде кај нас на гости  и ние да покажеме што имаме и како функционира системот кај нас и заедно да работиме на тоа вмрежување за да направиме поголеми резултати – изјави министерот Ристовски.

Размена на искуства за унапредување на женскиот спорт ќе биде една од првите сфери на соработка меѓу двете ресорни министерства.

– Кај нас сега е многу битно да го унапредиме женскиот спорт кој е на многу ниско ниво и за почеток ние би сакале да почнеме во тој дел, да го подигнеме женскиот спорт искористувајќи го знаењето и искуството што го има Република Србија и нејзиниот спорт – посочи Ристовски.

Министерот за спорт на Република Србија, Зоран Гајиќ изрази задоволство од средбата со својот македонски колега и обновената соработка меѓу двете земји во областа на спортот, оценувајќи го денешниот состанок како „пријатен и многу успешен“.

– Со големо задоволство можам да кажам дека ние со министерот Ристовски се познаваме многу добро и воспоставивме и приватно одличен однос и се надеваме дека тоа ќе го пренесеме и на односите на двата ресори во Владите на двете земји. Отворени сме максимално за македонската страна да им помогнеме во развојот на нивниот спорт со сè што имаме, со кадри и со ресурси. Исто така, ќе видиме што може да направиме во заедничка акција, пред сè што се однесува на проектот Отворен Балкан, и ние во рамките на спортот да дадеме одреден придонес во соработката. Постои и покана за нашите драги пријатели да имаат своја експозиција на ЕКСПО2027. Во Македонија има и тоа како развиени спортови, ние сме наследници на една иста спортска школа и многу работи не поврзуваат. Спортот поврзува, никако не раздвојува – истакна министерот Зоран Гајиќ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article