More

    Министерството за правда контра претседателката на Уставниот суд

    spot_img

    Уставниот суд вчера формирал предмет за законските измени на Упатството за водење на матични книги во кое е предвидено воведување на графа за националност во изводите од матичните книги – информираше претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на денешниот брифинг со новинарите.

    – Предметот е доделен кај судија известител и наскоро ќе се изработи реферат. Во оваа фаза можам само да кажам дека имаше сомнеж дека е спротивно на Уставот, а своите аргументи ќе ги дадам на седница кога ќе се одлучува за овој предмет. Во оваа фаза Уставниот суд не може да донесе времена мерка за каква што ме прашувате, односно да ја замрзне примената на Упатството, зошто нема такви овластувања според актуелниот Деловник. Таква мерка се носи во моментот кога рефератот со конкретен предлог ќе биде ставен на седница – рече Кацарска.

    Таа информираше дека до моментот на одржување на брифингот нема пристигнато иницијатива од страна на една политичка партија, која јавно соопшти дека е подготвена (Левица).

    На овие изјави на претседателката на Уставниот суд, од Министерството за правда тврдат дека националноста во изводите е предвидена уште со Законот за матична евиденција од 1995 година.

    „Графата за националност е задолжителна. Упатството не се коси со законите, напротив, донесувањето на Упатството и внесувањето на националност во изводите се заснова токму со Законот за матична евиденција. Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11, и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција кој е на сила од 1995 година. Секое непочитување на Законот е кривично дело“ – велат од Министерството за правда.

    Останува нејасно зошто, доколку оваа графа за националност била задолжителна уште од 1995 година, неа никогаш ја немало во изводите во изминативе 28 години и зошто никогаш не било донесено Упатството за спроведување на оваа законска обврска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img