More

    Министерството за одбрана објави оглас за прием на 150 професионални војници

    spot_img

    Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија.

    Рокот за пријавување на кандидатите, информираат од МО, е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава.

    „Да се државјани на Република Северна Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено најмалку средно образование; да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни, се условите за пријавување на лицата на јавниот оглас. Платата на идните професионални војници од моментот на склучување на договор, информираат од МО, ќе изнесува над 31.000,00 денари со дополнителни над 10.000,00 денари – средства за станбено обезбедување. Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат на неколку начини: – по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: javenoglaspfv@morm.gov.mk; – до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи. Во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии“, се вели во соопштението.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img