Министерството за образование одлучи да се организира онлајн настава во деновите кога во училиштата има дојави за поставени бомби

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за образование одлучи да се организира онлајн настава во деновите кога во училиштата има дојави за поставени бомби. Цел на ваквата одлука е да не се губи преостанатиот дел од денот.

За ова се информирани општините и сите училишта.
Според насоките дадени од МОН на учениците им се дава еден час да стигнат дома и да се вклучат на настава.

Вчера и родителите добија порака во која се бара од нив да ги проверат профилите на своите деца на тимс платформата на која онлајн настава се следеше и за време на пандемијата од корона вирусот.

Во дописот кој МОН го испратил до основните и до средните училишта биле посочени и начини за користење на електронските адреси и насоки за зајакнување на контролата за влез и излез во училиштата.

Share This Article