More

    Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија да се воздржат од неесенцијални патувања во Либан поради сложената безбедносна состојба во регионот

    spot_img

    Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија да се воздржат од неесенцијални патувања во Либан поради сложената безбедносна состојба во регионот.

    Од МНР информираат дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и им препорачуваат на сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата на земјата, доколку немаат суштинска причина за нивниот престој, да ја искористат оваа можност и да ја напуштат земјата.

    „Потсетуваме дека Северна Македонија нема дипломатско конзуларно претставништво во Република Либан и соодветно, значително намалено присуство во земјата, што ги отежнува можностите за асистенција при евентуална евакуација, доколку дојде до дополнително влошување на безбедносната состојба. Ги повикуваме нашите државјани кои се наоѓаат на територијата на Република Либан веднаш да го пријават своето присуство, локација и намери на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Каиро +201033615542 и на дежурниот број на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив +972 54 926 7378“, се наведува во соопштението на МНР.

    На располагање се и СОС телефоните на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и на следната и-мејл адреса: globalsos@mfa.gov.mk

    Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан и регионалното опкружување и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img