Министерството за надворешни работи потсетува дека во земјава има единство во однос на членството во ЕУ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денес Република Северна Македонија е полноправна членка на НАТО, заедно со нашите сојузници целосно сме посветени на сочувување на меѓународниот мир и безбедност при што најостро се спротивставуваме на сите кршења на меѓународното право, каков што е случајот со агресијата врз Украина. Истовремено постојано се бориме против сите злонамерни влијанија од трети држави со цел мешање во нашите внатрешни работи, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи за изјавеното на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервјуто за ТВ Наше кино.

За МНР е неприфатлив  контекстот во кој се споменува земјава во интервјуто на рускиот министер за надворешни работи.

„Од стекнувањето на независноста на Република Северна Македонија постои силно меѓуетничко и надпартиско единство за членство во Европската Унија.Нашето Собрание пред повеќе од 30 години донесе едногласна одлука за ваквата надворешно-политичка ориентација на земјава. Таквите одлуки за зачленување во меѓународни сојузи, како и секоја друга суверена држава ги донесуваме водени исклучиво од сопствени интереси со поддршка од најголемиот број на граѓани. Во изминатите години сите политички чинители даваа значаен придонес во имплементација на ваквите стремежи“, се вели во реакцијата на МНР.

МНР оценува дека во интервјуто се манипулира со религиозните чувства на православните верници во нашата држава и се користи добивањето на автокефалноста на МПЦ- ОА за промовирање на своите геополитички ставови.

„Овој историски настан никој не смее да го присвојува како свој успех, особено не оние кои прикриено се противеа на ваквиот чин“ се наведува во реакцијата на МНР.

Share This Article