Министерството за финансии ја издаде втората емисија на граѓанска обврзница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за финансии ја издаде втората емисија на граѓанска обврзница со камата од 5% годишно и граѓаните веќе може да инвестираат преку поднесување барање за учество на аукцијата. Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во Тема на денот на ТВ Сител.

– Граѓанската обврзница е инструмент кој на граѓаните им дава можност да ја зачуваат вредноста на нивните пари особено во услови на висока инфлација и таа е дел од политиките на Владата што ги презема за справување со ценовната криза.  Интересот е голем од граѓаните за овој инструмент. Во првата емисија беше објавен проспект на 10 милиони евра, а беше запишан износ од 23 милиони евра, од страна на 1300 граѓани. Граѓаните покажуваат сега поголем интерес бидејќи веќе се запознаени со бенефитите коишто ги нуди овој финансиски инструмент. Дополнително тоа влијаеше и на зголемување на каматите на депозтите во банките, а позитивно влијание има и кај стопанството – рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Проспектот за втората емисија на граѓанската обврзница беше објавен на 18 октомври и граѓаните имаат можност преку деловните банки да поднесат барање за учество во аукцијата која ќе се одржи на 7 ноември.

Share This Article