More

    Министерскиот бакнеж заврши на Би-би-си

    spot_img

    Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман заврши на Би-би-си откако неспретно, прои поздравување, ја бакна германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, што таа го избегна.

    Радман додека се сликаше на конференцијата за зајакнување и проширување на Европската унија во Берлин, се обиде да ја бакне германската шефица на дипломатијата Аналене Бербок, од што таа избега. Таа изгледаше прилично збунето и продолжи да гледа кон камерите, додека Грлиќ Радман само се насмевна.

    Би-би-си пишува дека непријатниот бакнеж на Грлиќ предизвикал контроверзии и бил критикуван од повеќе медиуми и активисти. Тие ја цитираат Рада Бориќ, активистка за правата на жените, која ова го нарече „крајно несоодветно“, пренесува Индекс.хр.

    Грлиќ Радман рекол дека можеби бил незгоден момент и се чудел како некој го снимил.

    – Можеби тоа беше непријатен момент. Како колеги, ние министрите секогаш срдечно се поздравуваме. Ако некој видел нешто лошо во тоа, тогаш се извинувам. Авионот доцнеше, па се видовме само за семејната фотографија. Не знам како некој го снимил. Седиме еден до друг, комшии сме. Тоа беше многу добра конференција. Можеби излезе незгодно – рече тој.

    На прашањето дали таа му забележала, хрватскиот шеф на дипломатијата рече дека не знае што е проблемот.

    – Не знам што беше проблемот. Не видов, не бев свесен. Секогаш срдечно се поздравуваме. Тоа е топол човечки пристап кон колегата… – рече Грлиќ Радман.

    Аналена Бурбок засега не коментира ништо.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img