More

    Таравари вели дека не е негова работа да се меша ако некој директор од клиниките во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ ангажира како советник некој од поранешните економски директори

    spot_img

    Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека не е негова работа да се меша ако некој директор од клиниките во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ ангажира како советник некој од поранешните економски директори.

    – Според законот, економските директори веќе не постојат. Ако некој смета дека еден од бившите економски директори би можел да биде корисен како советник, тоа е негов личен избор. Сега секоја клиника има еден директор и наскоро сите клиники ќе функционираат со еден директор. Нашата цел е рационализација, а оние кои веруваат дека одредени луѓе имаат експертиза можат да ги ангажираат во министерства, здравствени установи или други компании. Во тоа не можам да се мешам, тоа не е во мојата надлежност – рече Таравари на денешната прес-конференција во Владата по настанот „Предизвици и можности во процесот на проширување на листата на лекови кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување“, одговарајќи на новинарско прашање.

    Собранието на 13 август го донесе Законот за изменување на Законот за здравствената заштита, со кој се укинуваат економските директори. Според новите законски одредби, се укинува постоењето на две управувачки позиции – организациски и медицински директор кои досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите. Од сега натаму, со овие установи ќе раководи само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето.

    На Клиничкиот центар и во другите болници, вкупно имаше околу 30 економски директори, за што од буџетот само за плати годишно се трошеа нешто повеќе од половина милион евра.

    Левица вчера обвини дека на Детската клиника е ангажиран поранешниот економски директор преку договор на дело.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img