More

    Министерот за здравство Арбен Таравари се надева дека до крајот на годинава барем половина од околу 2.000 и нешто вработени со договор на дело во јавното здравство ќе добијат решенија

    spot_img

    Министерот за здравство Арбен Таравари се надева дека до крајот на годинава барем половина од околу 2.000 и нешто вработени со договор на дело во јавното здравство ќе добијат решенија.

    Одговарајќи на новинарски прашања, дали ќе се чека декември за новиот буџет за вработувања на лицата ангажирани со договор на дело или се обезбедени средства со ребалансот, Таравари рече дека ќе се обидат одреден број доктори да бидат вработени уште сега.

    – Веќе има одлука на Влада, 300 оваа година и уште толку следната. Исто така, на одредени вработени со договор на дело ќе им дадеме решение. Меѓутоа, со број не можам да кажам точно. Се надевам повеќе од половина од овие кои се со договор на дело, ќе добијат решенија за работа, со тоа што ќе отвориме простор и за други, бидејќи имаме огромен дефицит – изјави Таравари, кој денеска беше во посета на реновираните простории на Универзитетскиот институт за радиологија.

    Таравари, исто така, нагласи дека, каде и да оди, во сите градови во сите болници, првата и најголемата жалба од сите раководители на здравствените јавни институции, е, недостиг на средномедицински кадар, меѓутоа и на доктори, посебно по одредени специјализации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img