More

    Министерот Тошковски тврди дека секојдневно пристигнуваат докази за злоупотреба од поранешни министри

    spot_img

    Во изминатите 100 дена од новата влада, Министерството за внатрешни работи собира голем број докази за злоупотреби од страна на поранешните министри и други високи функционери. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во „Дејли Клик“ на ТВ21 изјави дека секојдневно пристигнуваат нови информации за коруптивни активности и дека истрагите се во полн замав.

    „Во однос на одредени претходни министри, постојат соодветни докази коишто сѐ уште сме во рана фаза да кажеме дека се процесуирани во вториот чекор потребен да се затвори оваа постапка. За многу голем број на злоупотреби секојдневно се доставуваат докази до МВР. Секој ден“, вели Тошковски.

    Министерот истакнува дека државата душмански била крадена од страна на голем број на граѓани, особено функционери, бизнисмени.

    Тој рече дека во овој период од 100 дена, Врховен судија завршил во затвор, а еден член од Советот за јавни обвинители бил отстранет од работа поради злоупотреби на службената положба.

    – Во изминатиот период за оние 100 дена кои ги имавме, драго ми е што се успеа правосилно да се заврши со една постапка, која што на крајот процесиуриаше три години затвор за Врховен судија за злоупотреба на позиција и е отстранет од работа еден член од Советот за јавни обвинители. Тоа е конкретно на дејствија кои се преземени од МВР – рече Тошковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img