More

    Министерот Спасовски најави дека се подготвува посебен простор во Скопје каде без закажување граѓаните ќе можат да се сликаат за лични документи

    spot_img

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за „360 степени“ на МТВ 1 најави дека се подготвува посебен простор во Скопје каде без закажување граѓаните ќе можат да се сликаат за лични документи.

    – Ние веќе имаме надминато 1.000.000 граѓани кои што ги замениле своите документи, така што динамиката е силна и во овој период. За одбележување е фактот дека можеби 80% од граѓаните кои живеат во внатрешноста си ги замениле своите лични документи визави граѓаните од Скопје – истакна министерот Спасовски.
    Тој дополни дека една причина е бројноста на населението во Скопје, а втора дека можеби жителите на Скопје подоцна се решаваат да ја почнат постапката на закажување за промена на своите документи.

    – Факт е дека околу 70% од закажаните термини кои што ги имаат граѓаните на телефонскиот број – ги откажуваат, не се појавуваат на тие термини па презакажуваат нови термини, што создава исто така одлагање на целиот тој процес. Меѓутоа, ние веќе подготвуваме еден посебен простор во градот Скопје со инсталирање на нови работни позиции, нови работни станици на кои што ќе можат граѓаните да извршат дактилоскопирање, сликање итн. за новите лични документи. Веќе во наредниве денови ќе бидеме подготвени и ќе можеме да отвориме нови позиции на кои што граѓаните ќе можат дури и без најава да дојдат и да ги менуваат своите документи. Понатаму, работиме заедно со групните домови, дали се тоа домови за стари лица, дали е тоа геријатрија итн. за наши мобилни тимови да одат и на лице место таму да ги земат сите податоци за промена на личните документи и сметаме дека со ова интензивно темпо кое го имаме сепак ќе дојде до промена на личните документи, односно огромниот број граѓани тоа право ќе го завршат. Што се однесува до остварувањето на правата на граѓаните, нема да им е ускратено ниту едно право за остварување во државата заради промена на документите – истакна Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img