Министерот Спасовски и директорот Тасевски на традиционален ручек и дружење со децата и семејствата на загинатите припадници на МВР

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денеска, министерот за внатрешните работи Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на Одделот за специјални операции Митко Даневски, се дружеа со децата на семејствата на загинатите припадници на МВР во Пониква, Кочани за време на неколкудневниот одмор на децата во одмаралиштето на министерството.

На заедничкиот ручек министерот Спасовски го изрази своето задоволство што оваа дружење со децата и загинатите припадници на МВР прерасна во традиција на која имаат можност да се дружат и разговараат за сите актуелни прашања од важност за нив, притоа уште еднаш уверувајќи ги дека во него и раководството на МВР имаат искрени пријатели чие партнерство и пријателство  продолжува и се унапредува преку здружението „Херои на Македонија 2001-2015“.

Спасовски и денеска потенцираше  пред присутните  дека тој  како министер секогаш  е тука за нив- децата и семејствата на загинатите припадници на МВР и со целосна поддршка во рамки  на законските можности и надлежности позитивно ќе одговори на нивните барања и потреби.

Share This Article