Министерот Османи смета дека видеото на Џамбаски ги надмина сите граници

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот Османи ме извести дека ќе упати дипломатска нота за овој немил настан и јас би постапила така во слична ситуација – изјави Тања Фајон, заменик-претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Словенија на заедничката прес конференција денеска во Скопје, на новинарско прашање да го коментира видеото полно со говор на омраза и навреди кон Македонија и Македонците од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, објавено вчера.

– Османи ме извести за овој немил настан, се надевам МНР ќе упати дипломатска нота. Станува збор за навреда на граѓаните на Република Северна Македонија. Јас бев сведок и ги осудував неговите активности, изјави и провокации во период кога државите обезбедуваа позитивна средина во вакви услови. Ги повикувам сите пријатели во соседна Бугарија да се воздржат од несоодветни изјави и коментари кои внесуваат раздор, немир и конфликти меѓу населението. Секоја провокативна, навредлива изјава бара реакција, министерот ја кажа реакцијата со вербална нота, јас тоа го поддржувам и во слична ситуација и јас би реагирала така – рече Фајон.

Министерот Османи рече дека денеска ќе реагираат со вербална нота за изјавата на Џамбаски како говор на омраза, кој, како што рече, што според сите меѓународни и билатерални договори е основа за да се реагира.

– Целта е себепромоција и овој пат ги надмина сите граници и тоа сигурно нема да го премолчиме – рече Османи за изјавата на Џамбаски.

Во видео обраќање, пред карта на голема Бугарија, со делови на Албанија, Србија и цела Македонија во неа, европратеникот Џамбаски изрече куп навреди кон премиерот Димитар Ковачевски, но и кон македонскиот народ и држава. Според него, Ковачевски бил „машка секретарка“ на средбите на бившите премиери Бојко Борисов и Зоран Заев., а „македонизмот е антибугарска, нацистичка, фашистичка и болшевичка иделогија која има задача да ја искорени бугарската традиција, култура и историја во Македонија. Тоа е фалш идентитет кој е антибугарски“.

Share This Article