Министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју за Макфакс рече дека шоумен е пациентот Игор Пехчевски кој стана познат во јавноста бидејќи постојано бара лекот трикафта им биде достапен на болните од оваа болест.
– А како може да се слика на оддел, тоа е забрането да се сликаш по телевизии, по камери – вели Меџити за Пехчевски кој за возврат побара извинување од министерот.
Министерот најави и дека деновите повторно ќе има средба со членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза, а дека министерството подготвило протокол за лекот и формирало соодветна Комисија.