More

    Министерот Лога во „војна“ со Судскиот совет

    spot_img

    Во врска со изнесениот јавен став на министерот за правда, Кренар Лога, кој побара од Судскиот совет, поради конфликт на интереси, да го изземе членот Лорета Ѓорѓиева од Комисијата на известители по поднесено барање  за утврдување на одговорност за судија, Судскиот совет на Република Северна Македонија објави соопштение, во кое изразува искрено верување дека „на министерот му се добро познати одредбите од Законот за Судски совет, особено членовите 33 и  61“

    – Во членот 33  е  јасно пропишана  постапката  во кои случаи е  предвидено  изземање на член  на Судскиот совет,  додека во членот 61, како и во  неколку други последователни членови е разработената  постапката за утврдување  на одговорност на судија или претседател на Суд. Министерот, како и  јавноста, би требало да знаат дека постапката за утврдување на одговорност е итна, од доверлив карактер, тајна и без присуство на јавноста, со цел да се  заштити угледот  и достоинството на судијата или претседателот на судот – се наведува во појаснувањето до Судскиот совет.

    Претходно, министерот Лога, во писмо упатено до Судскиот совет, во кое бара Лорета Ѓоргиева да биде изземена од функцијата во Комисијата на известители како резултат на потенцијален конфликт на интереси, вели дека и покрај претходните насоки документите да му бидат навремено испратени, тој не ги добил ниту пред ниту по седницата одржана на 23 ноември. Ова се наведува во дописот што министерот за правда го напиша до Судскиот совет.

    „Неприфатливо е министерот за правда да биде информиран за точките од дневниот ред од истиот медиум преку кој бевме информирани за изборот на Лорета Ѓоргиева за член на Комисијата“, се вели во дописот на Лога.

    Министерот за правда бара Судскиот совет да ја ја изземе Ѓоргиева од Комисијата за известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател. Ваквото барање се поднесува поради судир на интереси и поради тоа што Ѓоргиева јавно застана во одбрана на судијата Лазар Нанев, кој неодамна беше ослободен од функцијата претседател и член на Советот за ИКТ.

    „Доколку Ѓоргиева не биде отстранета од советот, Судскиот совет ќе создаде негативен преседан, кој ќе ја намали и онака ниската верба на граѓаните во правниот систем“, се вели вио дописот на Лога.

    Поради недостигот на интегритет на судијата, министерот Лога го смени судијата Лазар Нанев од функцијата претседател на Советот за координација на информатичката и комуникациската технологија во правосудните органи во ноември. По донесувањето на одлуката за смена на судијата Нанев од функцијата во Советот за ИКТ, Лорета Ѓоргиева и Миљазим Мустафа поднесоа оставки од функцијата во советот. Потоа, на министерот Лога му порачаа дека се повлекуваат од членството во Советот за координација на информатичко-комуникациската технологија во правосудните органи, бидејќи сметаат дека нивното континуирано учество во ова тело би било незгодно. Причината што беше наведена е дека тие сметаа дека нивното континуирано вклучување во ова тело е непотребно.

    Во најновата реакција на дописот на Лога, од Судскиот совет велат дека изненадува како е можно министерот јавно да изнесува информации за тоа против кого е поднесено барање, а уште помалку кој членува во Комисијата на известители, па дури и да бара изземање, кога заради тајноста на постапката, не му се доставуваат материјали  на министерот, поради законската неможност  истиот да  учествува во постапувањето.

    – Министерот Лога е должен да го почитува Законот за судски совет, да се однесува професионално и како што му доликува на  функцијата, а во согласност со одредбите од  Кодексот за етичко однесување за членовите на Влада и носителите на јавни функции именувани од  страна на Владата – реагираат од Судскиот совет.

    Сакаме, посочуваат од Судскиот совет, да обрнеме внимание дека не е прв пат, министерот јавно да изнесува податоци, но и да објавува неправосилни судски одлуки. Судовите имаат обврска да  ги објавуваат  своите одлуки, но анонимизирано и со согласност со  одредбите  од Законот  за движење на предметите во судовите.

    – И покрај неколкуте пречекорувања на  надлежностите на министерот и неговите тврдења дека е во „отворена војна со Судскиот совет“, членовите  цело ова време покажуваат добра волја за соработка  и редовно го покануваат и повикуваат да присуствува на седници, за да може отворено да се разговара за сите прашања  и проблеми поврзани со функционирањето на судството. Министерот Лога досега свесно ги игнорираше ваквите барања, а со последното барање, изнесе многу невистини, но и свесно ја  нарушува работата на  Советот – се вели во соопштението од Судски совет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img