Министерот Лога го разреши судијата и претседател на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, Лазар Нанев

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за правда, Кренар Лога, го разреши судијата и претседател на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, Лазар Нанев.

Лога до Судскиот совет доставил допис за отворање на постапката за утврдување на одговорност за работата на Нанев.

– Јас како министер нема да дозволам во работни тела кои се во состав на министерството да членуваат лица за кои постојат сериозни индиции за нарушен интегритет – рече Лога.

Тој додаде дека поради воочени пропусти во работата на ова тело иницирал постапка за воведување на нов правилник за начинот на избор на составот.

Нанев е претседател на Основниот суд во Кавадарци.

Share This Article