Министерот за правда Кренар Лога во објава на Фејсбук изрази сочувство до семејствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, чии тела беа пронајдени синоќа откако беа пријавени за исчезнати и побара одговорност и максимални казни за сторителите за грозоморните убиства.
„Искрено и најдлабоко сочуство до семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова е една од најголемите трагедии во нашата држава затоа што безмилосно се одземени два живота. Одговорност и максимални казни за сторителите“ – напиша Лога на Фејсбук.