Министерот излезе на прес за да бара да се откочат законите за администрација

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на прес-конференција попладнево ги повика пратениците да ги разгледаат, како што рече, уште утре сите дилеми во врска со пакетот закони предложен од МИОА, кои пред повеќе од еден месец се усвоени од Владата, а се заглавени во Собранието.

Се работи за законите поврзани со јавната администрација, за дигитализација и за медиуми на кои МИОА работело подолго време и кои, рече Алиу, се клучни и од суштинско значење за олеснување на животот на граѓаните. Посочи дека тие се поврзани и со трите столба – администрација, дигитализација и медиуми од програма на ЕУ „Дигитална Европа“ со која летото нашата држава склучи договор.

Тој потврди дека денеска се слушнал со премиерот Димитар Ковачевски кој му рекол дека овие закони ќе бидат на пленарна седница на Парламентот во вторник.

Министерот од Алијанса за Албанците ја почна прес-конференцијата во Владата со порака дека „не може да има систем ако тој зависи од волјата и условувањата на индивидуи“ и дека „македонскиот систем ќе се реформира или ќе пропадне“.

Во текот на денот во медиумите протече информација дека Алиу размислувал да се повлече од позицијата поради коалициска блокада на законски решенија, на кои тој бил фокусиран во изминатите единаесет месеци. Практично, СДСМ и ДУИ одбивале да се стават на дневен ред на собраниска седница со европско знаменце.

Алиу денеска на прес-конференција кажа дека не е точно дека ќе поднесе оставка, иако имало шпекулации во јавноста дека тој ќе се откаже од тој предизвик.

– Јас сум министер од Алијанса на Албанците. Ако некој ми каже во очи дека овие закони се поврзани лично со моето име ќе донесам денеска и сега оставка. Досега ми е кажано дека овие закони не се во постапка заради причини во кои не верувам, ако тоа се докаже јас ќе донесам оставка пред мојата политичка партија, ќе барам таа да биде усвоена и после тоа ќе поднесам до Владата – кажа министерот Алиу.

Share This Article