More

    Министерот Бектеши се сретна со новоименуваниот австриски амбасадор Памер:Има голем простор за зголемување на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Австрија

    spot_img

    Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Северна Mакедонија, Мартин Памер.

    Министерот Бектеши му посака добредојде и успешен мандат на амбасадорот Памер, како и успех во продолжувањето и унапредувањето на соработката помеѓу двете земји.

    На средбата беше потврдена досегашната успешна соработка помеѓу Северна Македонија и Австрија и поддршката што ја добиваме за европската перспектива.

    Во последните 20 години Австрија има инвестирано над 830 милиони евра во Северна Македонија. Австрија е наш долгогодишен и докажан партнер во економската соработка, односно 20 место според обем на трговска размена.

    Вкупната трговска размена во периодот јануари – август 2023 година изнесува 170 милиони евра , што претставува раст од 14,3 проценти во однос на истиот период минатата година.

    Министерот Бектеши и амбасадорот Памер се согласија дека согласно податоците, има голем простор за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img