Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде што во име на Владата ќе го потпише Договорот за заем од унгарската Експорт-импорт банка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде што во име на Владата ќе го потпише Договорот за заем од унгарската Експорт-импорт банка, соопшти Министерството за финансии.

– Станува збор за потпишување договор за најавениот заем од 500 милиони евра со поволни услови, 15 години рок на отплата, со вклучени три години грејс период и каматна стапка од 3,25%. Средствата од заемот ќе се користат за поддршка за проекти за локален регионален развој, што ќе се реализираат преку општините, како и за поддршка на економијата, односно заеми за компаниите – велат од Министерството за финансии.

Потпишувањето на договорот со унгарската Експорт-импорт банка е согласно усвоениот Закон за  задолжување со заем кај унгарската Експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, а се реализира како  дел од планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година.

Средствата од заемот треба да бидат префрлени во земјава до крајот на неделава. 

Share This Article