Министерката за шумарство, земјоделство и водостопанство на Србија, Јелена Танасковиќ пред неколку дена ја отвори Кобашијадата во Турија, а по тој повод беше фотографирана со колбас завиткан околу вратот.
Потоа на сцената се качила со колбас околу вратот, а целата работа ја снимила радио-телевизија Војводина, пишува Нова.рс.
Набрзо сликите и снимките завршија на социјалните мрежи.
Малку се знае за министерот Танасковиќ. Во времето кога беше избрана за министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, таа беше државен секретар во Министерството за екологија и заштита на животната средина. Една година пред тоа, Јелена Танасковиќ беше државен секретар во Министерството за финансии на министерот Синиша Малог.
Таа своевремено се најде во центарот на аферата како директорка на компанијата „Први фактор – факторинг“, против која српското МВР водеше истрага за наводно фалсификување хартии во повеќе банки.