Министерката за одбрана Славјанка Петровска ѝ испратила букет свежо цвеќе на фолк-пејачката Сузана Спасовска, откако таа пеела во МОБ на концерт што се одржа во чест на славејот од Галичник, Александар Сариевски.
„Почитувана госпоѓа Сузана Спасовска, ви честитам на преубавата изведба и се воодушевувам на вашиот бисерен глас. Вчерашниот концерт беше маестрален! Со огромна почит и восхит, Славјанка Петровска“, пишува на ливчето кое пејачката Спасовска го објави на Фејсбук заедно со цвеќето.
Таа објави статус преку кој вели дека е воодушевена од ваквиот гест на министерката за одбрана.
„Утрово дојдов на работа и се воодушевив од еден несекојдневен гест во ова денешно време. Цвеќе со посвета, рачно напишана од функционер (лично не се познаваме), кој присуствувал на концертот во чест на нашата легенда Александар Сариевски, не само да ја исполни обврската, туку и внимателно да го проследи и ужива во македонските песни. Ви благодарам, почитувана г-ѓа Петровска. И во овие тешки времиња на меѓусебни поделби и раздори најважно е да си човек“, објави Спасовска на Фејсбук.