More

    Министерката Јаневска ја објасни идејата учениците од шесто до деветто одделение да остануваат шест часа во училиште

    spot_img

    Учениците нема цел ден да бидат над книга и ќе имаат време и за спорт, информатика, претприемништво и нови содржини поврзани со образовната реформа, а за тоа да се овозможи потребно е наставниците да се ангажираат дополнително во корист на компетенциите на учениците, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со новината учениците од шесто до деветто одделение да остануваат по шест часа во училиштата.

    – По закон наставниците и учениците треба да остануваат шест часа во училиштата. Тие ќе остануваат и подолго од шест часа, зашто тоа е нашата реформа. Реформата е што подолго учениците да бидат во училиштата за да стекнуваат што повеќе знаења на различни начини. Реформата е наставниците да станат функционални во корист на учениците. Познато е дека имаме вишок наставници, а помалку деца. Но, ние не велиме дека има вишок, нам ни требаат наставници. Ние сме последни на сите меѓународни тестирања. Домашните истражувања покажуваат дека нашите ученици каскаат зад своите врсници од странство. Учениците нема цел ден да бидат над книга. Екс-катедра лекции веќе нема никаде. Учениците ќе имаат многу спорт, информатика, претприемништво, интерактивна настава, домашно во форма на истражување, да научат мирно решавање проблеми, препознавање булинг, прифаќање на различностите. Сето тоа, досегашниот образовен систем не го обезбедил. Затоа наставниците ќе треба дополнително да се ангажираат. На децата нема да им биде тешко, ќе имаат пауза, ќе имаат и некој празен час да се одморат, да се дружат, да си завршат некое домашно. Не е ништо страшно. Затоа почнуваме да го имплементираме ова таму кајшто има услови. Онаму каде што наставата се одвива во две смени, не очекуваме да се применува – изјави министерката Јаневска по потпишувањето на партнерство меѓу групацијата НЕЛТ и УНИЦЕФ за унапредување на стручното образование преку практична настава за зелени вештини.

    На прашање од новинарите што да се прави додека се реши проблемот со недостатокот на образовни асистенти и можноста истата работа да ја вршат психолозите или педагозите Јаневска уверува дека образовните асистенти ќе почнат со работа во вторник.

    – Проблем со асистентите нема, има со училиштата. Пет дена се работи она што министерството го работи во еден ден. Им порачувам на родителите, асистенти ќе има, тоа ќе го исполнам, очекувам асистенти да има во вторник, да им порачам на родителите. Но, ова е добро сознание, да знаеме дека требало да работиме на петте ресурсни центри кои треба да ја завршат оваа работа, но и да ги доедуцираме и менаџерите на училиштата и директорите. Следната година вакво нешто нема да се повтори – објасни министерката.

    Во врска со фактот дека некои книжарници ги повлекоа од продажба училишните прибори откако владата одлучи да ги ограничи маржите, таа вели дека тоа не е во ингеренции на министерството, но дека дека е уверена дека владата и институциите ќе преземат нешто за оние кои не ги почитуваат правилата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img