Министерката и Османи имаат уште битни состаноци во ЕУ и во НАТО

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Посетата на министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска на Скопје која беше најавена за утре, е одложена. Како што информираат од македонското МНР, посетата се одлага поради учеството на министерката Генчовска и на министерот Бујар Османи на состаноци во рамките на ЕУ и особено претсојниот вонреден состанок на НАТО.

Во рамките на престојот во Брисел, министрите Османи и Генчовска остварија и билатерална средба на маргините, наведуваат од МНР.

Шефовите на дипломатиите на двете земји вчера во Брисел присуствуваа на работниот појадок  на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија што се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ. Работниот појадок беше организиран под покровителство на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, а беше посветен на европското досие на Северна Македонија.

Министерот Османи, минатата недела на средба со новинарите ја најави посетата на неговата колешка  Генчовска на 23 и 24 март во Скопје и продолжувањето на разговорите со Бугарија за отворените политички прашања.

Османи тогаш потенцира дека се уште постојат разлики, меѓутоа се обидуваат да дојдат до решенија прифатливи за двете страни, како и дека ние сме апсолутно усогласени во ставовите и во позициите согласно резолуцијата на Собранието.

Share This Article