Милошоски тврди дека Груби се обидува да го покрие своето незаконско работење

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Уште еднаш се злоупотребува европското знаменце за закон којшто нема врска со европската регулатива, а се однесува на потпишаните одлуки на Артан Груби за неговите лотарии каде што главни партнери се вработени во кабинетот на Артан Груби, политичката партија ДУИ и контроверзни ликови од соседна Бугарија, како што е Васил Божков – Черепот, чиишто фирми се наоѓаат црната листа на САД – изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

– Во изминативе година дена потпишани се четири одлуки, незаконски, од страна на вицепремиерот Артан Груби, три за онлајн лотарии и една за видеолотарија. Сите овие одлуки се надвор од законот и затоа е ова брзање да се донесе нов закон, измени на Законот за игри на среќа за да се покријат незаконитостите коишто ги има направено Артан Груби за носење на одлуки и давање на лиценци на фирми во коишто во Управните и Надзорните одбори членуваат луѓе од кабинетот вицепремиерот Груби – рече Милошоски.

Ова е приватизација на игрите на среќа, рече Милошоски, и ДУИ за жал, од партија којашто се брендираше во Зелена партија, почна да станува партија на коцкарите и казината.

– Ова е уште еден неевропски потег на таканаречената Коалиција за Европа за што реагираше и Претседателот на Австрија, којшто дојде тука во Македонија и кажа дека злоупотребата на европското знаменце за игрите на среќа е против европската регулатива и странските вложувања коишто Австрија ги има во овој сектор.

Затоа сметаме дека ваквото однесување е неприфатливо без разлика што на вицепремиерот Груби му се брза да ги покрие незаконитите одлуки коишто веќе ги потпишал. Ќе повторам, три одлуки потпишал за нови онлајн лотарии и една одлука за нова видеолотарија. Сите тие одлуки се незаконски и затоа се брза со овие законски измени за да се покрие незаконитоста за којашто веќе има судски спор против државата Република Македонија – рече Милошоски.

Share This Article