Милитантната група Хезболах од Либан би можел да ја искористи тактиката со роеви од дронови и ракетни напади што Русија ја користи во Украина, за да го порази израелскиот систем за противвоздушна одбрана на северот, наречен Железна купола

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Милитантната група Хезболах од Либан би можел да ја искористи тактиката со роеви од дронови и ракетни напади што Русија ја користи во Украина, за да го порази израелскиот систем за противвоздушна одбрана на северот, наречен Железна купола, анализира „Волстрит Џурнал“.

Извештајот доаѓа само 48 часа откако Израел во понеделникот го започна најсмртоносниот напад врз Либан од крајот на војната во 2006 година, при што загинаа речиси 600 луѓе и беа ранети неколку илјади, соопшти Министерството за одбрана во Бејрут.

Хезболах најави одмазда, а доколку се одлучи за руската тактика, таа може да биде успешна.

Во март, Центарот за стратешки и меѓународни студии објави извештај во кој се наведува дека Хезболах поседува меѓу 120.000 и 200.000 проектили.

– Хезболах има капацитет да погоди цели длабоко во Израел. Може да погоди патишта, воени бази и аеродроми – рече Месроб Касемјан, предавач на Катедрата за политика и меѓународни студии на Универзитетот во Лондон.

Според него, во ваквиот случај, конфликтот ќе има висока цена не само за Либан, но и за Израел.

 

 

 

- Advertisement -
Ad image

Американските и израелските официјални лица изјавија за Си-Ен-Ен во јуни дека Хезболах веројатно би можел да ја пробие Железната купола, северната израелска воздушна одбрана, со особено голем напад користејќи ракети со прецизно наведување.

Слично на тоа, Русија ги нападна украинските градови и инфраструктура со масивни ракетни и беспилотни напади, во некои случаи со поразување на украинската воздушна одбрана. Аналитичарите велат дека Хезболах најверојатно научил вредни лекции од работата со руската војска во Сирија.

На социјалните мрежи се појави анимација која сугерира дека Хезболах ги крие своите ракети внатре во станбените квартови во градовите во јужен Либан. Видеото е непотврдено.

- Advertisement -
Ad image

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во понеделникот објавија фотографии за кои тврдат дека се од домови во Либан каде се чуваат ракети и муниција, објави Јерусалем Пост.

 

 

Хезболах започна ракетни напади врз северен Израел во знак на солидарност со Хамас, додека САД ветија поддршка за Израел, а Кремљ ја засили поддршката за своите регионални сојузници. Вашингтонскиот институт објави дека по терористичките напади од 7 октомври, Русија „уште поблиску се усогласила со дестабилизирачките антиамерикански сили на Блискиот Исток“.

Share This Article