Околу 21 милион луѓе во кинескиот град Ченгду се во карантин поради новата епидемија на коронавирус.
Во Кина се уште е на сила политиката на нулта ковид, па властите го потиснуваат ширењето на вирусот со воведување долгорочни карантини и масовни тестирања.
Ченгду, град во југозападна Кина, е последниот град кој објави заклучување, пишува Гардијан. Во официјалното известување градските власти соопштија дека жителите мора да останат дома од вчера во 18 часот бидејќи „борбата против новиот бран зарази продолжува“.
Ченгду вчера забележа 157 нови инфекции, од кои 51 лице не покажале никакви симптоми, соопштија градските власти.
Се повикуваат жителите да не го напуштаат градот
На секое домаќинство ќе му биде дозволено да испраќа по едно лице дневно да купува намирници и основни потреби, под услов тестот да биде негативен во претходните 24 часа, се вели во известувањето.
Се вели дека сите жители ќе бидат тестирани за вирусот меѓу четврток и недела и властите ги повикаа да не го напуштаат градот освен ако тоа не е „апсолутно неопходно“.
„Сегашната состојба на контрола на епидемијата е сложена и мрачна. Целта на мерките е да се запре ширењето на епидемијата и да се гарантира здравјето на сите граѓани“, се наведува во соопштението.