Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд добро се всели во англиската Премиер лига, но не сите се воодушевени што Норвежанецот игра во најсилната лига на светот.
Имено, непознато лице започнало петиција Халанд да биде исфрлен од англиската Премиер лига, со образложение дека не е човек, туку робот, инсинуирајќи дека неговиот настап е премногу добар за англискиот фудбал.
Петицијата наводно ја започнал навивач на ривалски клуб, кој очигледно не може да го поднесе огромниот квалитет што Халанд го донесе во Премиер лигата. Што е уште поважно, беше покрената петиција до владата и парламентот на ОК, но подоцна беше избришана од страницата, бидејќи се сметаше за шега.
Шега или не, петицијата беше потпишана од повеќе од два милиони луѓе пред да биде избришана, што предизвика чудење во британскиот парламент. Доколку собирањето потписи останеше активно на веб-страницата, за тоа ќе мораше со закон да расправаат самите британски парламентарци.
На крајот, петицијата стана симбол на (стравот) почит што навивачите на ривалите на Сити го имаат кон норвешкиот гигант, кој досега постигна 19 гола на 12 натпревари за Манчестер Сити.