Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ се осврна на трагедијата во Белград во која момче (13) со пиштолот на својот татко уби осум соученици и училишен чувар, а повреди уште шест лица.
„Во случај оваа психоза да започне и да се разгори, ќе имаме стратификација каква што не сме имале во Хрватска со децении. Оние кои можат да си дозволат ќе градат училишта за своите деца или ќе ги праќаат во училишта кои ќе имаат два метра бодликава жица и ровови, за заштита од такви катастрофи кои се закануваат однадвор, а оние кои не можат потоа ќе ги испраќаат своите деца во државните училишта во чиј квалитет ќе биде на ниво на оние во САД, каде што живеете – такво е вашето училиште“, рече тој, пренесува 24 час.
Потоа додаде:
„Хрватска беше успешна приказна во таа смисла. Во Хрватска не само што имаше безбедност, се надевам дека сè уште е, но практично не беше важно каде живееш“.
Тој рече дека е катастрофа и дека му изразил сочувство на претседателот Вучиќ.
„Момчето очигледно имаше план. Некој се спријателил со оружје, го научил како да ги решава работите. Се чини дека имал висока стапка на успех во елиминирањето на човечките животи. Така учиш, тоа не го научил од телевизија“, нагласи тој.