Милановиќ смета дека гласањето на Хрватска во ОН било направено „зад неговиот грб“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Ние не сме потомци на нацисти, туку на антифашисти! Израелскиот амбасадор (во Загреб) тропа глупости, но кутрата (хрватска) влада молчи“.

Вака го коментираше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ прашањето зошто Хрватска гласаше против резолуцијата на ОН за „итен хуманитарен прекин на огнот“ во Газа и коментарите на израелскиот амбасадор, пишува Нет. Милановиќ вели дека гласањето било направено зад неговиот грб, иако бил консултиран. Според него Хрватска требало да гласа воздржано.

– Не дека не бев консултиран, но тоа беше направено зад мојот грб. Односно, не е баш зад грб, бидејќи ние знаевме дека тоа се случува, па си реков „ајде да видиме што ќе направат“. Тука „без кичма“ беше и претставникот на Хрватска. Тоа е негов проблем, бидејќи тој е човек кој сака да се рекламира како голем борец за човекови права. Дури му беше и помошник на главниот секретар – порача Милановиќ.

Тој смета дека е чудно и што некои земји гласале „за“ прекин на огнот, а имаат проблематично минато.

– Тоа е суштината на приказната. Сè уште имаше неколку необјасниви работи, зошто, на пример, Австрија гласаше „за“ прекин на огнот. Чешкиот министер вели дека треба да ги напуштат Обединетите Нации. Па заминете, кој и да ве држи во ОН, тоа не е идеална организација – изјави Милановиќ на доделувањето на офицерски чинови на Хрватска воена академија „Фрањо Туѓман“.

Потоа додаде:

– Нема да молчам во оваа ситуација. Ние немаме никакви комплекси, ниту сме ги прогонувале Евреите во Втората светска војна за сега да мораме да трпиме секакви потези на израелската влада без никаква одговорност – вели тој.

Тој потсети дека Хрватите не се потомци на нацисти, туку „главно на антифашисти“ и дека немаат комплекси.

– Ако ги имаат Германците и Австријците, нека ги третираат. Нека висат туѓи знамиња, нашето нема да виси. Имаме доволно разум и самопочит за да го разликуваме доброто од лошото – рече тој.

- Advertisement -
Ad image

Милановиќ додаде дека во моментов на Блискиот Исток се случува нешто што не е добро и дека нема невини и дека тој е првиот во Европа, по ирскиот премиер, кој предупредил на тоа.

Тој се нафрли на израелскиот амбасадор во Загреб за неговите изјави, но го прозва и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ бидејќи не реагирал на коментарите на амбасадорот, а во меѓувреме бил фатен на фотографија со „русофилскиот“ спортист Новак Ѓоковиќ.

Share This Article