More

    Милановиќ ги коментира „леопардите“ коишто сака да ги купи Хрватска

    spot_img

    Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го коментираше фактот што Хрватска сака да ги замени застарените југословенски тенкови М-84 кои ќе ѝ ги донира на Украина со нови скапи воени возила. Според него опремата е „незамисливо скапа, проклето скапа, необјасниво скапа“.

    – Затоа што за тие два отсто (од бруто домашниот производ) или милијарда, милијарда и пол евра може да купите илјада тенкови, а можете да купите два пара чевли или една пушка „репетитор“. Тоа е клучната работа – рече Милановиќ.

    Зборувајќи за цената на германските тенкови Леопард 2А8 кои сака да ги купи Хрватска тој изјави:

    – Ако тенкот чини 25 милиони евра, единственото нешто што на овој тенк му треба е да лета за тоа да биде вистинската цена на тој тенк. Не можеме да си дозволиме сè што би сакале и никогаш нема да можеме во такви услови, но треба да бидеме, ќе кажам, пресметани и себични и добро да размислуваме пред секоја одлука бидејќи тие одлуки се долгорочни. Бродовите што се градат, дај боже да се довршат тие што се градат, да пловат, а тие што ќе дојдат, се градат со многу, многу добро осмислен буџет, каква способност добивате, колку чини, дали можете да го одржувате и слично.

    Хрватска се согласи да ѝ испрати на Украина 30 тенкови М-84 и 30 борбени пешадиски возила М-80, а за да компензира ќе купи тенкови Леопард 2А8 од Германија.

    Министерот за одбрана на Хрватска, Иван Анушиќ, и германскиот министер за одбрана Борис Писториус треба денес во Берлин да потпишат писмо за намера за купувањето на нови тенкови за потребите на оружените сили на Хрватска.

    Хрватската војска во моментов во својот состав има околу 70 тенкови М-84, а според изјавите на изворите, тие се во добра состојба и редовно се одржуваат. Точната вредност на набавката, како и временската рамка, не се познати, пишува Јутарњи лист.

    Аналитичарот на Форбс, Дејвид Акс, пишува дека ова е „очајнички обид на Украина насекаде да бара стотици тенкови и борбени возила кои на земјите-сопственици не им требаат“.

    Тенкот М-84 тежок 46 тони е југословенска верзија на советскиот Т-72.

    Пешадиското возило М-80 тежи 15 тони и беше југословенска верзија на советскиот БМП-1, се сеќава Акс.

    Украинските вооружени сили оперираат со стотици Т-72 и БМП-1, така што не би требало да имаат проблем да ги интегрираат М-84 и М-80 во нивните сили.

    Со вкупно 60 поранешни хрватски тенкови и борбени возила, Украина може да опреми два баталјони или половина бригада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img