More

    Милан Поповиќ откри шокантни работи за Северина

    spot_img

    Хрватската пејачка Северина Вучковиќ веќе подолго време е во лоши односи со поранешниот партнер, српскиот претприемач Милан Поповиќ, со кого го има синот Александар.

    Тие двајца повеќе од 10 години водат битка за старателство, а често упатуваат силни навреди еден кон друг.

    Хрватската пејачка неодамна крена прашина во јавноста кога изјави дека сака да склучи примирје со Милан, а за возврат добила „куп навреди“.

    -Луѓето се делат на оние кои судат, оние кои мерат и оние кои простуваат. Важно е да не сте во првите две групи. Им простувам на сите, па и на таткото на мојот син. Неодамна дури му испратив порака дека сум дна распологање да седнеме сами и да разговараме. На тоа тој возврати со лавина вообичаени навреди. Меѓутоа, едно е да се прости, а друго да се откажете од правдата. Очекувам судот конечно да ги реши моите тужби против директорката на училиштето и поранешната правна старателка – изјавила таа за „Глорија“.

    По тој повод се огласи и бизнисменот Милан Поповиќ, кој за српски „Курир“ ги демантираше наводите на поранешната партнерка Северина.

    – Еве вие ​​повторно барате од мене да демантирам инсинуации. Никогаш не сум ја навредил Северина, ниту пак, Северина предложила да разговараме, нејзиниот начин на комуникација е исклучиво преку тужби преку суд! Под навредувањето за кое зборува, мисли на моето прашање зошто не пријавила во судот дека неодамна била кај егзорцист во Нови Место, каде и бил извршен егзорцизам, бидејќи тој ритуал подразбира дека таа личност која се лекува е сериозно психички нарушена. Ритуалот на егзорцизам што се изведува врз неа е ист како што го знаеме од хорор-филмовите, со читање молитви за истерување на злото, присуство на сведоци, плукање кал итн. Нормално е да сум загрижен како родител – рекол Поповиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img