Милан нема милост, не сака договор со повредениот напаѓач

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Златан Ибрахимовиќ поради повреда нема да игра до крајот на сезоната. Веројатно поради повредата на листот ќе заврши импресивната кариера на 41-годишниот напаѓач.

Договорот меѓу Ибрахимовиќ и Милан истекува на крајот од сезоната. Извесно е дека клубот нема да му понуди продолжување на соработката.

„Ибрахимовиќ е целосно уништен по уште една повреда, можеби ќе треба да паузира до крајот на сезоната. Тој стравува дека нова повреда може да му ја заврши кариерата, бидејќи сака да продолжи да игра за Милан. Сепак, челниците на Милан не размислуваат за продолжување на договорот со Швеѓанецот, бидејќи решија да бараат помлад напаѓач“, пишува италијанскиот весник „Газета дела Спорт“.

Ибрахимовиќ се повреди неодамна на загревањето во текот на натпреварот против Лече (2:0). Легендарниот шведски фудбалер го пропушти поголемиот дел од сезоната поради операција на коленото. Се обидуваше да се врати на теренот, одигра неколку натпревари, но беше очигледно дека годините го стигнаа.

Севкупно, брилијантниот играч оваа сезона одигра 143 минути во дресот на Росонерите и постигна гол против Удинезе. Тој може да биде неговиот последен во тимот на Милан, но и во кариерата.

Ибрахимовиќ се врати во Милан во 2020 година, но поради проблеми со повреди одигра само 78 натпревари и постигна 37 голови. Минатата сезона со Милан ја освои титулата во Серија А.

Share This Article