Мила Кунис и Ештон Качер собираат донации за украински бегалци

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холивудските актери и сопружници Мила Кунис и Ештон Качер почнаа кампања за собирање парични средства на страницата „GoFundMe“ за Украинците погодени од последиците од руската инвазија.

„Додека сведочиме на храброста на Украинците, сведочиме и на незамисливиот товар на оние кои решија да отидат на безбедно. Ова собирање средства ќе биде помош за бегалците“, порача двојката во видеото што го објавија на Инстаграм.

Ештон и Мила одлучиле да соберат 30 милиони долари.

По овој повод актерката првпат се огласи по нападот на Русија на нејзината родна земја.

„Родена сум во Украина, 1983 година. Дојдов во Америка во 1991 и отсекогаш се сметав себеси за Американка. Горда сум. Благодарна сум за сѐ што направи оваа земја за мене и моето семејство. Но, сега не можам да бидам погорда што сум Украинка. Ова што се случува во Украина е поразително. На овој свет нема место за ваков неправеден напад врз човештвото“, порачала Мила во видеото.

Кунис нагласи дека Украинците се силен и храбар народ.

Но тоа што сте силни и храбри не значи дека не сте достојни за поддршка. Мораме да го поддржиме народот на Украина, истакна глумицата.

Ештон додал дека никогаш не бил погорд што е вo брак со Украинката. Тој се согласи дека е исклучително важно да им се помогне на Украинците кои страдаат од руската инвазија. Инаку, тој и претходно на социјалните мрежи ја изразуваше својата поддршка за Украина. Неодамна на Твитер им испрати порака на Русите…

„Ако познавате некој од Русија, јавете му и кажете му дека нивните медиуми ги лажат. Украинците не сакаат да војуваат. Тие едноставно не ја сакаат власта на Путин и не сакаат да бидат окупирани“, напиша актерот.

- Advertisement -
Ad image

 

 

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article