Микрофонот што раперката Карди Би го фрли во публиката во текот на концерт кон крајот на минатиот месец, беше продаден на иБеј во вторникот за речиси 100.000 долари.
Микрофонот, наводно, предизвикал значителен интерес на онлајн аукцијата, но неговото фрлање, што доведе до кратка полициска истрага и поттикна дебата за однесувањето на луѓето на концертите, предизвика уште поголем интерес.
Видеата од инцидентот станаа вирални и покренаа дебата за тоа дали Карди Би ќе биде обвинета за инцидентот. Неидентификуван посетител на концерт, кого пејачката го удри со микрофонот откако беше полиена со пијалак, подоцна поднел полициска пријава во која тврди дека бил „удрен од предмет фрлен од бината“.
Првично, во извештаите се наведува дека службениците за спроведување на законот отвориле кривична истрага за инцидентот, но таа истрага на крајот беше откажана поради „недоволно докази“, рекле за „Форбс“ од метрополитенската полиција во Лас Вегас.
Како што пишува магазинот „Пипл“, микрофонот за кој се тврди дека е оној што Карди Би го фрлила на посетителите на концертот, во текот на викендот бил ставен на аукција на иБеј, а приходите биле наменети за добротворни цели. Огласот можете да го погледнете ТУКА.
Според листата на иБеј од Скот Фишер – сопственикот на Вејв, аудио-компанијата за која вели дека го обезбедила микрофонот за настапот на Карди Би – 100 отсто од приходите од продажбата ќе бидат поделени помеѓу две добротворни организации, Friendship Circle Las Vegas i Wounded Warrior Project, навеле оттаму.