More

    Миграциите се важно прашање за Орбан

    spot_img

    Порано оваа држава се нарекуваше Македонија, но поради проблемот со Грците мораше да си го сменат името во Република Северна Македонија и морам и јас многу да внимавам така да го формулирам, за да не настане некој меѓународен проблем, рече  утрово унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за унгарскиот медиум „Радио Кошут“.

    Во врска со целта на неговата дводневна посета тој рече дека е тука за да ѝ помогне на Македонија на евроинтегративниот пат, но и за други теми.

    – И сега имаат еден конфликт со Бугарија кои го блокираат процесот на нивно присоединување кон ЕУ. Поради расправиите околу положбата на националните малцинства, ние во Унгарија, како актуелен претседавач со ЕУ, сметавме дека треба задолжително да ги посетиме оние држави кои се во најтешка позиција во однос на зачленувањето во ЕУ и да им помогнеме во решавањето на постоечките конфликти. Тоа е една од причините поради кои сум тука. Но, има и поважна причина, ние имаме и други прашања кои се важни, а тоа е прашањето на миграцијата – рече премиерот Орбан.

    Во разговорот тој порача дека светската економија се дели на источна и на западна, но Унгарија нема да фати страна.

    – Владата сака Унгарија, како што победи претходната деценија, да може да победи и во деценијата што е пред нас. Многуте промени што се случија во последниот период ја променија светската економија, а оние што нема да се прилагодат на тоа ќе бидат губитници на промените. За тоа се потребни нови алатки, нови методи и економска политика, а тоа е економската политика на неутралност – рече тој.

    Шефот на унгарската влада потенцира дека сега се формираат два светски блока, западен и источен, но Унгарија не може да се приклучи на ниту еден од нив.

    – Во интерес на Унгарија е да има живи, моќни и длабоки економски односи со двата економски блока во подем – рече Орбан .

    Унгарскиот премиер во Охрид дојде со единаесетмина акредитирани новинари и сниматели и со голема владина делегација која  денеска учествува на заедничката меѓувлафина седница во Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img