Мигрантите патуваат за ЕУ, Грција испрати воени бродови

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сè повеќе мигранти доаѓаат од Либија во Италија и Грција, додека Москва ги јакне своите позиции во северноафриканската земја, снабдувајќи ја со оружје и градејќи нова база во Тобрук, јави бриселски Политико.

Растот на бројот на мигранти ги натера Атина и Рим на итни мерки. Грција распореди два воени брода кај либискиот брег, а воведе и строги ограничувања за азил, стравувајќи дека Турција и Либија можат да го подели Средоземното Море за свои енергетски интереси.

– Либија е вонредна состојба што Европа мора да ја реши заедно – изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, нагласувајќи дека обидот на Европа да издејствува решение преку дипломатија се претворил во фарса.

Според неименуван дипломат од ЕУ, Русија ја користи Либија како центар на својата африканска стратегија и преку политички поврзани мрежи на шверцери, ја претвора миграцијата во алатка за влијание врз Европа.

– Вонредната состојба бара итни мерки и затоа грчката влада одлучи да ја извести Европската комисија дека ја суспендира обработката на барањата за азил за мигранти од Северна Африка – изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Само на Крит, од почетокот на годината, пристигнале 9.000 луѓе од Либија, двојно повеќе отколку во цела 2023 година. Мерките на Грција предизвикаа страв кај италијанските власти дека брановите мигранти ќе се прелеат кон нивните брегови.

ЕУ се обидуваше да го повтори договорот со Тунис, но дипломатите се скептични дека истиот модел ќе успее во дестабилизираната Либија.

Руското присуство во земјата се зголемува. Воената парада во Бенгази покажа руска техника и блискост на Кремљ со генералот Калифа Хафтар.

Според Политико, Москва се обидува да добие упориште во Медитеранот и планира инсталирање ракетни системи во либиските бази, што аналитичарите го гледаат како потенцијална закана за Европа.

- Advertisement -
Ad image

Иако некои западни експерти се сомневаат дека Русија директно го води шверцот со мигранти, сите се согласуваат дека Москва соработува со локалните милиции, што и овозможува да ја контролира ситуацијата.

Италија и Грција бараат сојузници за да се справат со новиот бран, но Вашингтон и Париз досега покажале малку интерес.

Share This Article