По топлите сончеви денови со температури и до 29 степени, од средината на овој месец ни доаѓа голема промена на времето, а се поизвезен е и првиот задоцнет зимски удар на Балканот, па и во Македонија, најавува метеорологот Славчо Попоски.
За промена на времето и снежен зимски бран предупредува и познатиот хрватски метеоролог Дино Дундиќ. Според него, снежната граница би можела да се спушти дури и до 800 метри надморска височина.
Сето ова е поради спуштањето на значително поладниот воздух од Атлантикот, па преку северозападна Европа до Балканот и јужните делови од Европа. Најавениот ладен бран ќе зафати голем дел од европскиот континент и ќе донесе потпросечни температури на воздухот.