Метална птица падна врз луѓе, 13 повредени меѓу кои и двегодишно дете

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку 13 лица се повредени при уривање на метална конструкција во форма на птица на божиќна манифестација во францускиот град Трувил во Нормандија, јавија денеска француските медиуми.

Стотици луѓе присуствуваа на вчерашната предбожиќна парада наречена „Небесна фантазија“ кога се случи несреќата, објави весникот „Ouest France“.

Металната конструкција паднала врз присутните при што биле повредени 13 лица, од кои двајца потешко, додека останатите се здобиле со полесни повреди. На настанот присуствувале многу родители со своите деца.

Меѓу повредените има и двегодишно девојче и нејзината мајка.

 

 

На местото на настанот интервенираа бројни служби за итна помош, полиција и пожарникари. Во акцијата за спасување учествуваа 46 пожарникари од неколку околни градови.

Share This Article