More

    Месо има, засега по иста цена

    spot_img

    Месо има во доволни количини и засега нема да има промена на цената, соопштија производителите по денешната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на која е договорено да се донесат две нови интервентни мерки за поддршка на свињарството.

    Дополнителна поддршка од 1.500 денари за гоеници над 90 килограми предадени во преработувачки капацитети во периодот од феврурари до април и нова субвенција од 3.000 денари за маторица во категоризирани фарми, се двете нови мерки, вредни скоро два милиона евра. Со нив, како што потенцира министерот Николовски, се дава дополнителен стимул за развој на свињарството и уште еднаш се покажува вистинска грижа за секоја земјоделска гранка и за одржливо домашно производство.

    Одгледувачите на свињи го поздравија ваквиот чекор и истакнаа дека мерките се носат навреме.

    Во однос на втората нова мерка, договорено е воведување преку годинашната Програма за финансиска поддршка, субвенција од 3.000 денари по маторица за категоризирани фарми.

    – Корисници на оваа подмерка се сточарите кои ги исполнуваат условите за биосигурност од низок и среден ризик согласно регистарот на одгледувалишта по категорија во кој одгледувалиштата се класифицирани согласно утврден степен на ризик кој го следи АХВ – рече Николовски.

    Тој соопшти дека се прават подготовки за нов наменски оглас за доделување државно земјоделско земјиште под закуп за сточари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img