Пред голем успех е фудбалската репрезентација на Аргентина која на Светското првенство во Катар се пласираше во полуфиналето.
Таму Хрватска ќе ја чека капитенот Лионел Меси и соиграчите, а тој дуел се игра во вторник на 13 декември од 20 часот.
Меси е најдобриот стрелец на „гаусосите“ со четири гола и се заканува да го освои првото Светско првенство, со што би го зацементирал неговото место во фудбалската историја.
Сепак, Аргентинецот има необичен ритуал кој го прави за време на натпреварите, во текот на целата кариера.
На натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Олимпијакос во 2017 година, Меси во еден момент извадил нешто од чорапот и го ставил во уста.
Тогаш овој детал го забележаа камерите, а веднаш почнаа шпекулациите што конзумирал Аргентинецот.
Имено, Меси има проблеми со шеќерот и затоа користи таблети со гликоза, кои му помагаат.
Единствениот проблем е што Аргентинецот ги сокри во чорапите, па поради тоа се крена голема прашина по мечот со Олимпијакос.