Во исклучително возбудлив натпревар, во изедначена, витешка игра, полна со пресврти до самиот крај, Арентина ја совлада Франција на пенали, со резултат од 4:2, на пенали (3:3 по продолженијата, 2:2 во регуларниот дел) со што „Гаучосите“ по трет пат се закитија со светската шампионска титула во историјата. Последен пат Аргентина стана светски прват во 1986 година, предводена од Диего Марадона.
Најголеми јунаци на натпреварот беа Лионел Меси, со два и Килијан Мбапе со три постигнати голови во регуларниот дел и продолженијата, како и по еден гол од изведувањето пенали.
Натпреварот почна возбудливо и енергично со водство на Агрентина. По прекршок во 22 минута и досудениот пенал, Меси ја довееде својата репрезентација во водство. Прекрошокот го направи Узман Дембеле врз Ангел Ди Марија, а судијата Марцинијак од Полска не се колебаше да досуди најстрога казна.
Во 36 минута Аргентина дојде во водство од 2:0 со голот на Анхел Ди Марија, по акцијата во која му асистираше Алексис Мак Алистер. Со ова Аргентина со значителна предност замина на одмор, а Франција беше во ситуација да брка резултат.
Но, возбудувањето продолжија во вториот дел од второто полувреме. Во 80-тата минута од Килијан Мбапе приреди вистинско изненадување, кога за помалку од една минута постигна два гола и го израмни резултатот. До крајот на регуларниот дел Франција испрати неколку закани, а Аргентина имаше шанса преку Меси во последните секунди, но трет гол во овој период немаше.
Во проделжинето Меси постигна уште еден гол (109), но Аргентинците не успеаја да јазадржат предноста, затоа што извонредниот Мбапе постигна уште еден гол до крајот на второто продолжение (115 минута).
Во изведувањето пенали Агрентинците се покажаа поуспешни, а Французите промашија два удари (Кингсли Коман и Аурелијан Чоамени), со што резултатот од пеналите беше 4:2.
За вечерва е предвидена и свечената церемонија на доделување на пехарот, како и свеченото затворање на Светското првенство во Катар 2022.