More

    Меси го откри својот омилен гол во кариерата, многумина заборавија на оваа мајсторија (ВИДЕО)

    spot_img

    Лионел Меси пред неколку дена ја освои својата осма Златна топка.

    Меси во кариерата постигна 827 гола, а во разговорот по освојувањето на наградата откри кој од тие голови му бил омилен.

    „Секогаш велам дека специјалните голови се оние што ги постигнувате на најголемите натпревари. Давав голови во финалето на Лигата на шампионите, сега и во финалето на Светското првенство. Сепак, голот кој секогаш го паметам поради начинот на кој го постигнав и колку беше важен беше оној во полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид кога победивме со 2-0 на Бернабеу. Тоа е гол кој секогаш ќе го паметам“, изјави Меси.

    Предметниот гол беше постигнат во 2011 година на полуфиналниот натпревар во Мадрид. Аргентинецот мина низ одбраната на кралскиот тим и погоди за голот на Барселона на стадионот на најголемиот ривал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img