Катар на крајот на оваа година ќе ми биде последно Светско првенство во кариерата, најави еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и аргентински капитен Лионел Меси.
Од своето репрезентативно деби во 2005 година до денес, Меси одигра 164 натпревари за аргентинскиот состав и со 90 голови е прв стрелец во историјата на Гаучосите.
Својот прв голем трофеј со репрезентација Меси го освои дури минатата година, кога Аргентина во финалето на Копа Америка го совлада Бразил на Маракана со 1-0.
На Мундијалот во Катар, репрезентацијата на Аргентина е во групата Ц заедно со Мексико, Полска и Саудиска Арабија.
– Поради својата историја Аргентина, секако, секогаш е еден од фаворитите на Светското првенство. Но, не можам да кажам дека сме главни фаворити, има посилни екипи од нас. Но, на првенството ќе дадеме сè од себе – изјави Меси.