Таткото на едно од девојчињата, кое беше убиено во масакрот на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, четири месеци пред масакрот побарале таа да биде преместена во друго одделение, но училиштето никогаш не одговорило, пишуваат српските медиуми во врска со случајот со момчето убиец Коста К. Од друга страна, момчето убиец „итно и нетранспарентно“ било префрлено во одделението каде што пукал и за неговото префрлање не биле направени записи, беше откриено на денешното судење во граѓанската постапка покрената по приватната тужба на семејствата на убиените против семејството на момче убиец, како и училиштето.
Огњен Божовиќ, адвокат кој ги застапува семејствата на убиените деца, рече дека тие стојат на нивната тужба и изнесоа неколку предлози.
Адвокатот го спомна и лошото воспитување на момчето на убиецот.
– Имаме причина да се сомневаме дека неговите родители ги оправдале неговите отсуства што не требало да бидат оправдани – рече адвокатот.
Тој побара да се добие извештај за сите изостаноци од периодот кога момчето убиец било седмо одделение за да се утврди лошото воспитување на родителите.
Адвокатот Божовиќ побара од Градскиот центар за социјална работа да ги достави сите предмети поврзани со семејството на момчето-убиец.
Да потсетиме, 27 членови на семејствата на убиените во ОУ „Владислав Рибникар“ поднесоа тужба против момчето убиец, неговиот татко, мајка и училиштето.
Тужбата е поднесена за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв. Исто така, со оваа тужба се бара и паричен ануитет, односно идна исплата на одредена сума пари од денот на пресудата до издржување на условите за истата – на име идна нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице.