More

    Мерко го замрзнал членството во ДУИ,а ДУИ се оградува од него и бара целосна истрага!?

    spot_img

    Рамиз Мерко самиот побарал да му се замрзне членството во Централното претседателство и во Генералниот совет на ДУИ, откако САД го ставија на црната листа, изјави денеска портпаролот на партијата Бујар Османи. Тој ги повика истражните органи да ги истражат сите наводи на Стејт департментот за Мерко, бидејќи во извештајот наведено е дека струшкиот градоначалник се товари за голема корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството.

    – Нашата партија ДУИ има јасни ставови за владеењето на правото, борбата против корупцијата и работењето на носителите на јавните и партиските функции, а таквите ставови се претворени во формални одлуки во партијата како што се задолжителниот ветинг за носителите на јавни функции со меѓународна помош и итна институционална истрага – рече Османи.

    По информацијата од Стејт департментот за Мерко, Османи информира дека партијата ги донела следните одлуки:

    – Институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за Мерко за сите наводи и информации од Стејт департментот. ДУИ ја прифаќа одлуката на Мерко да се замрне членството во Централното претседателство и во Генералниот совет. ДУИ ја прекинува изборната активност во Струга. Ги повикуваме сите институции да започнат истрага за сите партии и носители на јавни и на партиски функции оти само на тој начин ќе може да се бориме против корупцијата – изјави Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img