„Меморија“ со голем концерт во Скопје

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пет години по големиот повратнички концерт во „Метрополис арена“, култната македонска поп-рок група „Меморија“ на 11 јуни ќе одржи концерт под отворено небо на стадионот на Армијата во Градскиот парк во Скопје.

На денешната прес-конференција во градската кафеана „Пелистер“, членовите од бендот споделија дека концертот е замислен како своевидна „концертна матурска рокенрол забава на генерациите“.

Петар Георгиевски истакна дека со истиот жар, со засилен состав, продолжуваат понатаму.

– Пробите ни одат феноменално, рече Георгиевски.

Останатите членови дополнија дека „Меморија“ е бенд кој е составен од пријатели и се надеваат дека ќе „скршат нога“ да наполнат наш стадион со наша музика.
– И после пет години како никогаш да не сме се развенчале, многу добро функционираме и драго ми е што ќе свириме во Градски парк, бидејќи, тоа место е најсветлата точка во Скопје, истакна вокалот Апостол Поце Икономов.

Ристо Самарџиев сподели дека е убеден дека публиката заслужува да добие убава енергија.

– Се ослободува времето и убеден сум дека заслужуваме да доживееме една убава енергија, да живееме онака како што треба. Забава, радост, дружба, заедништво, убеден сум дека тоа ќе се случи на 11 јуни на стадионот на АРМ, рече Самарџиев.

„Дојдете, ќе биде супер, свирачки бендот е најдобар до сега“, порача бендот.

На концертoт, како што информираа организаторите, ќе може да се слушне и „Високи штикли и црни чорапи“ изворно од „Конкорд“, а ќе настапи и групата „Ареа“. „Меморија“ преку песна ќе му оддаде почит и на Аки Ракимовски. Најавија и други изненадувања кои што публиката ќе може да ги види и слушне на 11 јуни.

- Advertisement -
Ad image

Картите за концертот бидат пуштени во продажба денеска по 18 часот.

Share This Article