Мексико: Бројот на загинати во ураганот Отис се искачи на 48

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бројот на загинати од ураганот Отис, кој го погоди крајбрежниот град Акапулко во јужниот дел на Мексико, се искачи на 48, соопштија властите.

Гувернерот на државата Гереро Евелин Салгадо изјави дека 36 лица се уште се водат како исчезнати, јавува Анадолија.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор нагласи дека во тек се операции за пребарување и спасување, додавајќи дека планира да го посети регионот.

Изразувајќи ја својата посветеност за обнова на градот Акапулко погоден од ураганот, тој рече дека тие се во близок контакт со локалните власти.

Потсетуваме дека на 26 октомври ураганот Отис оштети илјадници домови и многумина остави без електрична енергија.

Владата распореди околу 17.000 војници и полицајци за да спречи грабеж по ураганот Отис.

Share This Article